Богоев: Во ВМРО-ДПМНЕ има сериозна група на луѓе кои поинаку размислуваат од Мицкоски

од Берта Китинска
192 прегледи

Мицкоски ја завлекув работата со референдумот, смета потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев.

Според него ВМРО-ДПМНЕ има проблем со дефинирање на прашањето за референдумот и дека нема доволно храброст за да се изјасната дали се „за“ или „против“ ЕУ.

-Преговорите се почнати со ЕУ и на 15-ти започнува скринингот. Со самиот рефередум се порбува да се направат ретроградни чекори, со кои државата ќе оди назад, а не напред.Јасно ми е зошто тоа го прави Мицкоски тоа е за вантрепартисики цели, вели Богоев.

Тој потенцира дека постои проевропско крило во партијата каде има градоначалници и сериозни функционери кои ја гледат државата на патот кон ЕУ.

-Во ВМРО-ДПМНЕ има сериозна група на луѓе кои поинаку размислуваат од Мицкоски и која позитивно гледа на патот кон ЕУ, во оваа група има градоначалници и сериозни функционери и ова проевропско крило е прилично зајакнато по локалните избори. Тие стануваат се повлијателни и не размислува како лидерот, вели Богоев во 21Click .

Слични содржини