СДСМ: Мицкоски на средба со Борисов јавно го поддржа Договорот за добрососедство

од Nikola Popovski
181 прегледи

Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, откако вечерва лидерот на најголемата опозициска партија соопшти дека партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум за поништување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

За владеачката партија, „Мицкоски на погрешен начин бара спас за својата фотелја, со нови обиди да ја закочи државата и да го блокира членството во ЕУ“.

-Иницијатива против ЕУ нема поддршка ниту од опозициските партии, а поделени ставови има и во самата ВМРО-ДПМНЕ каде што јакне проевропското крило, кое не мисли исто како Мицкоски и сака да го поддржи европскиот пат на земјата.Особено што Мицкоски не е искрен и ги лаже своите членови, исто како што ги лаже и грѓаните, сметаат од СДСМ и додаваат:

-Потврда е неговата изјава на средба со поранешниот премиер, Бојко Борисов каде јавно го поддржа Договорот за добрососедство со Бугарија.

Мицкоски денеска информира дека партијата најпрво ќе оди со потпишување на иницијатива со 100 квалификувани потписи на која би се потпишал тој самиот, членовите на Извршниот комитет и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. После одобрувањето од Собранието, би требало да се донесе одлука за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум.