265
Германскиот шампион Баерн Минхен го сврте вниманието кон привлекувањето на капитенот на Тотенхем и на англиската репрезентација Хари Кејн, тврди англиски „Дејли мејл“.
За таа цел, Баерн го предупреди напаѓачот да не го продолжува договорот со лондонскиот клуб, кој истекува во 2024 година. Така следното лето Баерн ќе се обиде да го ангажира 29-годишниот фудбалер и да го направи најплатен играч.
Хари Кејн пред една година сакаше да го напушти Тотенхем и да се пресели во Манчестер Сити. Тогаш го истакна недостигот на трофеи со Спарс.
Стрелецот во моментов тврди дека е среќен во Тотенхем под водство на Антонио Конте, но преселбата во Баерн е секако нешто што би го разгледал.