Измамен пензионер останал без 1500 евра

од Nikola Popovski
215 прегледи

Измамен пензионер во Кочани откако останал без 1500 евра, информираа од полицијата.

На 06.09.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Кочани, 75-годишен жител на Кочани пријавил дека околу 10.00 часот во Кочани бил измамен од едно лице за сума од 1.500 евра.

Според пријавеното, лицето му кажало дека направило сообраќајна незгода со друго лице – странец, кое не ги разбирало парите – евра и ако има да му даде да ги види.

Како што е пријавено, тој му дал часовник како гаранција, по што заминал и не се вратил, по што оштетениот сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини