234
Руската амбасада во земјава го честиташе 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.
Во честитката стои дека на „овој историски и значаен ден пред 31 година граѓаните на Македонија се определија за суверена, независна и самостојна држава“.
-Оттогаш 8 септември стана симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ! Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независност, објави Руската амбасада.
Претходно честитки упатија и Американската амбасада, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и грчкото Министерство за надворешни работи.