„Џафери е клучниот играч“: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во дуел за иницијативата за референдумот

од Берта Китинска
150 прегледи

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе влегоа во дуел дали е уредна иницијативата за референдумот на најголемата опозициска партија за поништување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Од најголемата опозициска партија тврдат дека власта има план за отфрлање на оваа иницијатива. ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка за рефередумот од своите коалициски партнери, а останува да видиме каков ќе биде ставот на останатите парламентарни партии за овој предлог. Доколку владејачките СДСМ и ДУИ повикаат на бојкот на рефередумот, тоа може сериозно да влијае врз потребната излезност за успешен референдум.

-Ако е вистина тоа што го слушнав и прочитав по медиумите дека власта подготвува отфрлање на нашата референдумска иницијатива поднесена во парламентот, тогаш тоа значи дека таа се плаши од соочување со народот, во врска со иницијативата за референдум за поништување на договорот со Бугарија.Јас уште еднаш ги предупредувам дека единсвената одговорност ќе биде кај Владата, бидејќи не покажува демократски капацитет. Ова е одлична можност за демократско изјаснување на народот и на референдум и на предвремени избори, Но, можеби се работи само за шпекулации и го да оставиме спикерот Џафери најпрвин да ја дозволи иницијативата и потоа да се овозможи да ги собереме потребните 150 илјади потписи и да одиме на референдум , кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Од СДСМ порачаа дека пред да обвинува, „ВМРО ДПМНЕ да ја научи процедурата“.

-Иницијативата не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее.Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања.Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците, велат од СДСМ.

Иницјативата пред спикерот Џафери најдоцна ќе се најде во вторник кога тој се очекува да ја препрати и до матичните комиси – по што ќе се знае и офоицијанло дали ќе го помине првиот филтер.