Сообраќајната полиција казнува: За еден ден напишани 940 казни

од Берта Китинска
124 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 938 возачи.

„Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 553 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 385 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се наведува во соопштението на МВР.

Слични содржини