Скопјанец во „БМВ“ превезувал 11 мигранти од Сирија

од Берта Китинска
181 прегледи

На автопатот меѓу Гевгелија и Демир Капија, пред тунелот Јаворица, полициски службеници од Полициска станица Богородица денеска претпладне го уапсија П.Ч.(22) од Скопје. При контрола на неговото комбе марка „БМВ“ со скопски таблички биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија.

„Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово. Лицата мигранти се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар за гранични работи Југ, за натамошна постапка. За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против П.Ч. ќе биде поднесен соодветен поднесок“ – информира полицијата.