Историската комисија побројна за уште еден член, утре нова средба со бугарските колеги

од Nikola Popovski
175 прегледи

Македонската комисија за историски и образовни прашања од утре ќе биде побројна за уште еден член. На предлог на Министерството за надворешни работи (МНР), Владата за нов член го назначила историчарот Димитар Љоровски.

Според соопштението од МНР, Љоровски ќе биде дел од Комисијата согласно неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа. Тој е историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје.

За утре и во четврток е најавена нова средба меѓу историчарите од Македонија и Бугарија. Според информациите, ќе се разговара за учебниците по историја за седмо одделение, како и за Гоце Делчев.

Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.

Слични содржини