Заживува туристичката индустрија по пандемијата: За седум месеци од годинава остварени без малку 1.400.000 ноќевања

од Nikola Popovski
164 прегледи

На денешната прес-конференција, владините портпароли информираа и за успешното враќање на туристичката индустрија во земјава по турбулентниот период предизвикан од пандемијата со КОВИД-19. Според последните статистички податоци, како што истакнаа, за седум месеци од годинава остварени без малку 1.400.000 ноќевања, а со август ќе се надмине бројката од 2,1 милиони.

Ова е доказ дека можеме да обезбедиме до 2,6 милиони ноќевања во 2022 година и повеќе од 400 милиони долари во македонската економија од туристичката индустрија. Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,7%, кај странските зголемувањето е за 109,9%.

Овие податоци, како што беше информирано, се резултат од досега преземените мерки и политиката на владата за поддршка на туристичкиот сектор.

Слични содржини