Се заканувал преку СМС пораки и сакал да изнуди 5000 евра

од Nikola Popovski
216 прегледи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

-Пријавениот, во неколку наврати, на мобилен телефон испраќал СМС пораки со закани кон жена од Куманово дека ќе ја запали куќата на нејзиниот брат ако не му даде 5.000 евра.

За тие пари тој тврдел дека му ги должел нејзиниот брат, велат од кумановската полиција.