Пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева смета дека во нашиот правен систем немаме уредена постапка, во која што ќе се каже дека е постапка за начин за дератификација на меѓународен договор кој што е ратификуван и стане дел од правниот поредок во државата.
-Овде зборуваме за референдум за склучен и ратификуван договор. Членот 24 токму затоа вели во делот на меѓународните договори каков тип на референдум и кога тие можат да бидат иницирани. Зошто ВМРО-ДПМНЕ не сакало тогаш да иницира референдум, нека оценат граѓаните? Зошто партијата избегна и не сакаше да каже дека е против Законот за ратификација и тоа треба да кажат? Не им е прв пат. Вака поставено референдумско прашање, знаевте дека е спротивно на Законот за референдум. Апсолутно знаевте дека не можете на таков начин да дојдете до дератификација на Законот, кажа Калеска-Ванчева во емисијата „Вин-вин“.