Судот назначи независен арбитер во истрагата против Доналд Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Федералниот суд во САД го назначи правниот ветеран од Њујорк, Рејмонд Дири, за независен арбитер во кривичната истрага за доверливите документи пронајдени за време на претресот на ФБИ во домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида и го отфрли барањето на министерството за правда да продолжи да ја испитува нивната содржина.

Американскиот окружен судија Ајлин Канон во четвртокот го овласти новоименуваниот независен арбитер Рејмонд Дири да го прегледа целиот сет документи запленети при претресот на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго на 8 август и го одреди ноември како краен рок за неговата работа, пренесе АП.

Доналд Трамп е под истрага од министерството за правда за чување владини документи, од кои некои се класифицирани како високо доверливи, вклучително и строго тајни документи на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич откако ја напуштил функцијата во јануари 2021 година.

Слични содржини