Прилепчанец починал пред прилепската болница каде што се лекувал

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Прилепчанец на возраст од 51 година вчера починал пред прилепската болница каде претходно се лекувал.

„На 16.09.2022 во 07.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во паркот во кругот на Општа болница Прилеп бил пронајден починат Г.Д.(51) од Прилеп, кој претходно се лекувал во болницата“, соопшти МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Братот на починатиот преку медиумите обвини дека пациентот бил исфрлен од болницата и ги обвини лекарите за негрижа.

Од болницата кажале пак дека му била дадена целата потребна грижа и дека добил препораки за домашно лекување.

Слични содржини