Претпладнево избувна пожар на улица „11 Октомври“ во објект спроти Управата за јавни приходи, информира за „Локално“ од бројот 112 за итни случаи.
Оттаму велат дека сите служби се навремено известени и дека екипите на пожарната служба се на терен.
Според информациите најверојатно горат напуштени стари бараки.