Мицкоски: Институциите да ја утврдат улогата на Мицкоски во тендерот во Водовод

од Берта Китинска
136 прегледи

Институциите мора да го расчистат спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица, како и обвинувањата за сторен криминал кои јавноста ги слушаат изминативе денови, вели СДСМ.

„Институционално треба да се утврди и улогата на Христијан Мицкоски во овој тендер, особено што за неговата вмешаност обвинувања стигнуваат од негова кандидатка а сега и градоналничка на Град Скопје.Данела Арсовска вчера тврдеше дека Мицкоски иако не смеел, сепак знаел детали и точни суми од тендерската постапка.За тоа ли е Мицкоски шпицен градоначалник? За да се меша и влијае на тендери и јавни набавки, за да ги става рацете во медот?Како овие доверливи информции дошле до Мицкоски треба да каже тој самиот, но треба да истражат и надлежните институции.Очигледно е дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е ист како Груевски, важни му се само парите и бизнис интересите“, се вели во соопштението.