Пронајдени остатоци од човечки скелет во близина на железничката пруга во Ѓорче Петров, информираат од полицијата.
Н-а 25.09.2022 во 14.07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во канал покрај пругата во близина на ул.„Радушка“ биле пронајдени остатоци од човечки скелет завиткани во крпа.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.