Нов шок во Нешвил: По експлозијата, пронајдени остатоци од човечко тело

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи кружат снимки од трагичниот инцидент што се случи синоќа во градот Нешвил, во сојузната држава Тенеси, во САД.

Како што се наведува, пронајдени се и остатоци од човечко тело, за што не е утврдено дали тие припаѓаат на жртва или на сторителот.

Истражителите ги пронајдоа остатоците на местото на експлозијата на Втората авенија, за кои се претпоставува дека се дел од човечкото тело, но сè уште не е јасно кому припаѓаат, изјави шефот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк, според американските медиуми, пренесува РТ.

Сè уште не е познато дали имало некој во камионетот – кампер што експлодира во зори на католичкиот Божиќ по локално време.

По експлозијата три лица се пренесени во болница и тие се надвор од животна опасност.

Истрагата за експлозијата ја презеде ФБИ, а властите ја третираат експлозијата како „намерно дело“, иако засега ја исклучуваат можноста за терористички напад.

ФБИ објави слика на камперот што експлодира, барајќи информации за сопственикот.

Непосредно пред експлозијата, снимен женски глас се слушнал како предупредува од звучникот монтиран на камперот „ако ја слушнете оваа порака, веднаш евакуирајте се“.

Слични содржини