Иако вечерва нема да настапи поради повреда, капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски со нетрпение го очекува вечерашниот квалификациски дуел на нашите со репрезентацијата на Бугарија.
Тој ја повика публиката да направи достоен пречек за селекцијата на Бугарија и покрај затегнатите политички односи меѓу двете земји.
„Добредојдовте во Македонија… сега е наш ред… европски да ве пречекаме“, напиша Ристовски на Инстаграм, објавувајќи ја популарната песна од нашиот источен сосед „Васко Жабата“.
Натпреварот против Бугарија кој е последен за оваа сезона во Лигата на Нации го играме утре од 20:45 часот. Македонија е на второто место од табелата, без шанси за пласман во повисоката фаза од Лигата на нации. Важен е натпреварот само поради подобра состојба пред ждрепката за Европското првенство.