Скандал во репрезентацијата: Капитенот Ристовски се повлекува поради селекторот

од Nikola Popovski

Синоќешна објава на социјалната мрежа Инстрагам обелодени нов скандал во македонската фудбалска репрезентација. Репрезентативниот капитен Стефан Ристовски донесе одлука за предвремено пензионирање поради лошите односи со селекторот Благоја Милевски. Тој се огласи на социјалните мрежи и стави крај на играњето за националниот тим, барем што се однесува до моменталната ситуација.

Додека чека промена на клупата, Стефан нема намера да игра за репрезентацијата.

Сакам да ја информирам целата македонска јавност и медиумите дека за доброто на репрезентацијата решив да се повлечам од репрезентацијатал, напишал Ристовски на почетокот на објавата.

Тој потоа објаснил подетално.

Ќе бидам искрен и краток. Како професионален фудбалер не трчате само на зелената трева по топката. Успехот доаѓа со план, визија, идеја, сплотеност и почит кон сите, само така можете да бидете успешни. Отсекогаш сум играл за репрезентацијата и се борев со сето срце. Ја сакам нашата соблекувална и на теренот и надвор од него. И покрај сите мои напори гледам дека работите во репрезентацијата одат во спротивна насока, што е видливо и во резултатите, истакнал капитенот.

Ристовски потоа се свртел кон селекторот.

Односот меѓу Благој Милевски и мене не е најдобар, разговаравме приватно, како капитен му кажав се што се случуваше околу репрезентацијата. На сите им посакувам се најдобро и многу успех во наредниот период. Благодарам на навивачите и македонската јавност која не поддржа кога ги браневме нашите бои на нашата држава, заклучил Ристовски.

Се шпекулираше дека ФФМ веќе подолго време бараат нов селектор, а како можни опции се споменуваа Миодраг Гроф Божовиќ и Владан Милојевиќ.

Слични содржини