Кузеска за влегувањето на Зечевиќ и Шилегов во Владата: „Дезинформации“

од Берта Китинска

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ги нарече „дезинформации“ наводите кои се пласирани во про опозициските медиуми дека Миле Зечевиќ, кој во моментов е генерален секретар на СДСМ, ќе го замени Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи, додека пак поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, ќе го замени Благој Бочварски во Министерството за транспорт и врски, на местото од Благој Бочварски.

„Станува збор за дезинформација, не е точно“, вели Кузеска за „Локално“.

Таа посочува дека шпекулации се информациите дека ќе има мини реконструкцијата на Владата откако министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски соопшти дека се повлекува од владиниот кабинет.

Б.М.

Слични содржини