СДСМ контра ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот на Мицкоски e само сублимат од изјавите на Ковачевски за енергетика

од Берта Китинска
136 прегледи

Таканаречените предлог мерки во енергетиката на Христијан Мицкоски не се ништо друго освен сумбилат од досегашни изјави на премиерот Димитар Ковачевски за чекорите што се преземале и ќе се преземаат во енергетскиот сектор, се вели во денешното соопштение на СДСМ по вчерашното објавување на предлогот на ЕВМРО-ДПМН за енергетската криза и одлуката на Владата за новите мерки за редовното снабдување со топлинска и електрична енергија.

„Владата донесе конкретни мерки кои ќе значат сериозна помош за граѓаните, стопанството и останатите субјекти за полесно справување со последиците од светската енергетска криза.

Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика со кого заедно ја зголемија двојно цената на електрична енергија во време кога немаше никаква енергетска криза, а струјата на берзите беше далеку поевтина.

Ако Мицкоски сака да помогне, нека разговара со своите пратеници за тие да престанат со опструкции и уште денеска во Собранието да бидат изгласани законите кои се потребни за непречено снабдување со енергенси“, соопшти СДСМ.

Вчера од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Ковачевски посочија дека премиерот ги ископирал мерките од Мицкоски.

-Добро е што Ковачевски се потрудил и ги изанализирал мерките кои Мицкоски ги предложи за стопанството. И тоа го поздравуваме и веруваме дека причината за таканаречена вонредна прес конференција не се штурите и делумно ископирани мерки кои ги видовме вечерва, туку целосната понуда и прецизен план кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го даде утринава. Но тоа не е доволно, зошто вечерва не видовме план, туку прес конференција која е реакција на претходна понуда, кажаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини