Oфицијална Подгорица: Црногорците плаќаат најевтино гориво во регионот

од Nikola Popovski
254 прегледи

Граѓаните на Црна Гора плаќаат најевтино гориво во регионот, соопштија од тамошната Влада.

Како што е наведено на Инстаграм профилот на црногорската Влада, литар Еуросупер 95 чини 1,26 евра во Црна Гора, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина (БиХ), Србија 1,48 евра, Косово 1,62 евра и во Албанија 1,69 евра.

„Литар Еуросупер 98 чини 1,3 евра во Црна Гора, 1,4 евра во Северна Македонија, 1,64 евра во Хрватска, 1,65 евра во Србија, 1,67 евра во Босна и Херцеговина и 1,7 евра во Словенија“, се вели во табелата објавена на Инстаграм профилот на црногорската Влада.

Граѓаните на Црна Гора и Северна Македонија плаќаат 1,48 евра за литар Еуродизел, Словенија 1,6 евра, Хрватска 1,62 евра, БиХ 1,64 евра, Србија 1,83 евра, Албанија 1,88 евра и Косово 1,9 евра.

„Ги поддржуваме граѓаните, ја поддржуваме економијата“, велат од тамошната Влада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vlada Crne Gore (@vlada_cg)

Слични содржини