Бугарија доби 1,6 милијарди евра од ЕК за инфраструктурни проекти, меѓу кои и за пругата кон Македонија

од Nikola Popovski
257 прегледи

Железничката врска меѓу Бугарија и Северна Македонија е еден од проектите вклучени во првата голема инфраструктурна програма на нашиот источен сосед за периодот 2021-2027 година, која денеска била одобрена од Европската комисија.

Според објавеното, ЕУ ѝ доделила на официјална Софија, 1,61 милијарди евра – една од најголемите суми за бугарски проекти досега.

Целта на инвестициите е да се промовира употребата на еколошки транспорт и алтернативни горива, да се подобри квалитетот на патната, железничката и поморската инфраструктура и да се придонесе за намалување на еколошката штета од транспортот.

Слични содржини