Муслиу за аферата „Броило“: Преминува во шпанска серија, политичките партии се занимаваат со истражни дејствија

од Nikola Popovski
248 прегледи

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека аферата „Броило“ што ја објави ВМРО-ДПМНЕ всушност преминува во шпанска серија.

-Политичките партии се занимаваат истражни дејствија, наместо со политика. Таму каде треба да се замимаваат со политика, се оди споро и не може да се одблокира. Скандали во нормални демократии објавуваат новинари, а не партии. Тие треба да се одговорни и да одат да ги пријават. Кај нас е проблем малку како ќе се артикулира тоа преку судството, можеби има проблеми. Ако пријавите нешто во Обвинителство, имате право да барате отчет. Јас ги упатувам во тој процес, а не да им прават шоу на граѓаните, вели Муслиу.

Според него, сериозен е проблем зошто тоа го прават партиите преку медиумите.

-Лидерите на партиите треба да комуницираат. Кога сте лидер, вие имате обврска кон сите граѓани и да ги ефектуирате сите институции. Ако ВМРО-ДПМНЕ може да помогне, треба да помогне. Но искрено не гледам причина од помпезност од тој момент и не треба да се прави политиканство. Суетите треба да се надминат. Не може да не се комуницира, тоа е неприфатливо, рече Муслиу во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини