По партисикот Конгрес одржан во декмври 2019 година, Демократската унија за интеграција (ДУИ), освен партиски лидер и Генералниот совет на партијата, се уште не избрала органи на партијата. Официјално, се уште на чело партијата е лидерот Али Ахмети.
По шест часовна средба во седиштето на ДУИ во Мала Речица на лидерот на партијата Али Ахмети со т.н. „Огнена група“ која бара партиски реформи, лидерот на партијата најави дека дебатата во партијата ќе продолжи, а на 15 октомври ќе има Централно собрание на кое ќе се избере ново претседателството. Тој нагласи дека во ДУИ „немало оган“, и ќе продолжи партиската дебата.
-Денеска имавме разговор со долгогодишнте соработници, со нив сум поминал во многу битни процеси, во многу успеси. Разговаравме и во суштина дебатата се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има Централно собрание каде ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство и веднаш истиот ден новото претседателство ќе се врати во седиштот на ДУИ каде што ќе меѓу другото ќе се разговара за политичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ, изјави Ахмети на прес-конференцијата придружуван од „Огнетата група“ предводена од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта.
Партиски извори од ДУИ за „Локално“ вели дека досега партијата требалa да избeре органи. Истиот извор додава дека не знае каква смисла би имало ако сега се бира партиско раководство кога партијата за една година треба да го одржи петтиот по ред Конгрес.
– Колку би имало смисла сега да се бираат партиски органи, кога сме на праг на петтиот Конгрес што треба да се одржи во декември 2023 година. И да се бира партиско претседателство, тоа ќе бидат органи кои ќе и служат на партијата една година, па одново треба да се бираат по петтиот конгрес, вели нашиот извор.
Одвлекувањето на избор на партиски органи од ДУИ го оправдуваат со здравствената криза предизвикана од ковид-19, па како што велат, заради протоколите не се состанал Генералниот совет. По конгресот на ДУИ во декември 2019 година до сега генералниот Совет на ДУИ заседавал неколку пати, еднаш кога се верифицираа имињата на министрите на ДУИ во владата и за време на локалните избори 2021 година.
На четвртиот конгрес одржан во декмеври 2019 година лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека ќе продолжи „достоинствено да ги претставува своите партиски другари“.
Д.Ј.