Панарити за „Локално“: Отворен Балкан беше непотребно „дефокусирање“ од платформата на Берлинскиот процес

од Destan Jonuzi
352 прегледи

Отворен Балкан беше непотребно „дефокусирање“ од платформата на Берлинскиот процес, кој, за разлика од Отворениот Балкан, ги дефинираше методологијата и акционите планови, заедно со финансиските инструменти неопходни за зближување на сите земји од Западен Балкан, исти конкурентни позиции на регионалниот и на пазарите во ЕУ, а сите недостигаат во проектот Отворен Балкан, вели во изјава за „Лoкално“, поранешниот шеф на дипломатијата на Република Албанија, Едмонд Панарити, коментирајќи ја иницијативата на францускиот претседателот Емануел Макрон „Европската политичка заедница“ како можна замена за Отворен Балкан.

– Уште пред да започне војната во Украина, „Отворен Балкан“ беше „наеднаш“ лансиран како паралелна понуда на берлинскиот процес на Европската унија, кој започна одамна и имаше за цел економската интеграција на земјите од регионот и да го забрзаат нивното членство во ЕУ. Значи, Отворениот Балкан беше непотребен „дефокус“ од берлинската платформа, која, за разлика од Отворениот Балкан, ја имаше дефинирано методологијата и акционите планови, заедно со финансиските инструменти неопходни за да ги доведе сите земји на Западен Балкан на позициите исти конкуренти во регионалниот и пазарите на ЕУ. Сето ова недостасува во проектот Отворен Балкан. За разлика од Отворениот Балкан, Берлинскиот процес беше поздравен од сите земји на Западен Балкан, додека Отворениот Балкан е оспоруван од некои од нив, изјави Панарити.

Тој додава дека со оглед на тоа што „Отворен Балкан“ се расплетуваше на некој начин како „контра-педала“ на берлинскиот процес, тоа со интерес беше видено од Русија, која преку својот министер за надворешни работи го поддржа.

– Особено сега во опасната ескалација на војната во Украина, не верувам во иднината на Отворен Балкан што, надвор од очигледните недостатоци во целите, методологијата и финансиската поддршка, како во случајот со Берлинскиот процес, создава терен за оски на руско и трето политичко влијание во регионот, нагласи Панарити.

Во среда се одржи првиот состанок на Европската политичка заедница, покрај лидерите на Европска унија, учествуваа и оние од земјите на Западен Балкан. Главната цел е „да се спроведе политичка дискусија за стратешки прашања од заеднички интерес за европскиот континент“, изјавија од ЕУ, додавајќи дека меѓу главните теми ќе бидат војната во Украина, енергетската криза и економската ситуација во Европа.

Европската политичка заедница, идејата на францускиот претседател Емануел Макрон, треба да обезбеди платформа за политички дијалог и соработка со земјите кои сакаат да влезат во ЕУ и земјите кои немаат такви аспирации, но ги споделуваат демократските вредности на ЕУ.Таквата заедница, како што истакна Макрон, ќе го надополни процесот на пристапување во ЕУ, а не ќе го замени.

Д.Ј.

Слични содржини