Укинато ограничувањето за извоз на пченица

од Nikola Popovski
166 прегледи

Владата на денешната 87. седница донела одлука и за престанок на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки.

Одлуката за ограничување на извозот се однесуваше на пченица и наполница, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено).

„Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен, како што е посочено, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан, потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1 до 4 септември 2022 година во Белград, а со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи“, соопштија од Владата.

Слични содржини