Намирници кои се добри за срцето и крвните садови

од Stefanija Kuzmanovska
502 прегледи

Неурамнотежениот начин на живот и исхрана може да предизвикаат многу болести, вклучувајќи атеросклероза, болести на периферните артерии, дијабетес, дебелина и висок крвен притисок. Овие болести се само дел од причините за затнати артерии, што може да предизвика слаба циркулација.

Затнувањето на крвните садови се вели дека е сериозна здравствена состојба, бидејќи наслагите во внатрешноста на ѕидовите на артериите го ограничуваат протокот на крв, како резултат на што хранливите материи и кислородот не можат да стигнат до сите делови на телото, што предизвикува сериозно оштетување и неправилно функционирање на органите.

Постојат многу работи кои можете да ги направите за да го одржите вашето срце и крвните садови здрави. Овие пет намирници се добри за вашето срце и крвните садови.

Целер

Познато е дека целерот е богат со калиум, кој го намалува крвниот притисок, но има и многу други состојки со овој ефект. Целерот е богат и со лутеолин, флавоноид за кој е докажано дека ја спречува оксидацијата на лошиот (ЛДЛ) холестерол.

Лук

Лукот е идеален за чистење на крвните садови, бидејќи ги шири и ја зголемува циркулацијата на крвта. Консумирањето на лук го намалува развојот на кардиоваскуларни заболувања преку намалување на високиот холестерол, високиот крвен притисок, зголемениот лош холестерол, ја намалува адхезијата на крвните клетки и спречува згрутчување на крвта.

Јаткасти плодови

Бадемите, оревите и лешниците го имаат главниот збор за зачувување на здравјето на срцето и крвните садови. Тие се богати со омега-3 масни киселини, влакна, витамин Е – тоа се хранливи материи кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта и ги штитат артериските клетки.

Боровинки

Боровинките се стекнаа со репутација на „суперхрана“, и тоа не без причина. Поради високите концентрации на антоцијани, консумирањето на боровинки го забрзува отстранувањето на слободните радикали. Тие учествуваат во поправка на оштетените протеини во крвните садови, а го подобруваат и целокупното здравје на срцето и крвните садови.

Лосос

Масните риби како лососот, сардините и скушата се вистинска ризница на здравјето. Нивната тајна лежи во зголеменото количество на омега-3 масни киселини, кои ги намалуваат триглицеридите, ризикот од аритмија и таложење на наслаги во артериите.

Слични содржини