ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Напад со дронови врз украинските сили

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Снимка од напад со дронови камикази врз украинските сили на „оската Николаев-Кривој Рих“ објави министерството за одбрана на Русија, очигледно мислејќи на регионот Херсон каде што украинската армија ја ослободува својата територија.

Тоа е снимено со надзорни дронови.

Прикажан е погодок на украински тенкови, артилерија, оклопно возило HMMWV од американско производство и автомобил.

Русите најверојатно користеле дронови камикази Лансент, произведени од подружница на концернот „Калашников“, под назив Зала Аеро. Дронот носи боева глава тешка 5 килограми и може да остане во воздух повеќе од еден час.

Подобрениот Лансент има поголеми предни и помали крила на опашката, додека претходниот модел имаше симетрични X крила.

Украина ослободи речиси 1.200 квадратни километри територија во нејзиниот јужен регион Херсон од почетокот на контраофанзивата против руските трупи кон крајот на август, соопшти украинското министерство за одбрана.

Слични содржини