195
На Твитер се шири видео од предлог кој се случил во САД. Младо момче ја запроси девојката пред полн стадион, а таа го одби и истрча од трибините.
„Тој ја соблече кошулата и рече: „Те молам кажи да“. Таа беше во шок, ја слушнав како вели „Што се случува?“ и „Не можам да го направам тоа“. Тој само викаше „е*и го“. Сите снимаа, публиката полуде. Таа само ги напушти трибините“, рекол 17-годишниот Дејвид Маркус, кој на мечот дошол со својот татко, пренесува „New York Post“.
„Откако таа замина, тој се засрами. Го држеше прстенот. Плачеше и многу се засрами, а потоа само истрча по скалите со чантата што таа ја остави таму. Никогаш повеќе не ги видовме“, додал Дејвид.
— Roger Farina ❌ (@roger_farina) October 14, 2022