После една година, се вратија навивачите на Денвер и од трибините му испратија порака на Јокиќ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Денвер ја совлада Филаделфија со резултат 104:95, а веста на денот е дека одреден број навивачи по една година се вратија на „Бол Арената“.

Поддршката за Нагетс главно ја пружаа здравствени работници, а присутните навивачи на Денвер беа во можност да поздрават сè што прави Никола Јокиќ за нивниот тим и оваа сезона.

Кога српскиот центар застана на линијата за слободни фрлања во финишот на натпреварот, од трибините „згрме“ „МВП, МВП“.

Никогаш појасна порака за најдобриот кошаркар во Денвер и еден од најкорисните играчи во најсилната светска лига.

– Ги повикавме здравствените работници од првата линија на фронтот против коронавирусот и тоа е одличен гест. Од ден на ден тие правеа сè за да ја надминат болеста што му штети на Денвер, државата и целиот свет – истакна тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун.

Слични содржини