Мекгаха: Без НАТО нема сигурност во Европа

од Симе Стоиков

Без НАТО нема безбедност во Европа – рече бригадниот генерал Памела Л. Мекгаха во обраќањето пред учесниците на првиот безбедносен форум што се одржа денеска во Мостар.

На Форумот на кој говореа водечки експерти и членови на академската заедница од областа на безбедноста и отпорот на хибридните закани во Југоисточна Европа, бригадниот генерал Мекгаха ја истакна континуираната соработка на НАТО и домашните и регионалните невладини институции и истражувачки институти кои работат во областа на одбраната и безбедноста.

„Светот станува се поопасен. Стратешката конкуренција и нестабилноста ги замаглуваат границите меѓу конфликтот и мирот во обид да ги поткопа нашите општества.

Затоа, овие хибридни закани бараат колективен одговор, одговор на целото општество, што ја прави нашата посветеност кон граѓаните што сакаме да ги заштитиме поважна од кога било. Настаните како овој форум се клучни за поддршка на градењето на поотпорни општества“, рече Мекгаха.

Слични содржини