Проширувањето на владината коалиција треба да се случи поради немањето кворум во Собранието, како и поради потребата од одобрување на уставните измени условени со францускиот предлог за постигнување компромис со Бугарија, оценува поранешниот пратеник Зуди Џелили, коментирајќи ги изјавите на високи функционери на партиите на власт за подготвеност за владина коалиција со другите парламентарни партии.
– Извесен период се зборува за зголемување на парламентарното мнозинство, или за проширување на владината коалиција. И сигурно ова има врска со пречките кои се појавуваат во работата на Собранието (немање кворум). Од друга страна, мислам дека проширувањето на владата треба да се случи и поради условните уставни измени за да се постигне договор со Бугарија. За да се постигне ова потребни се две третини од гласовите, што се постигнува со договор со опозицијата, односно компромисен договор како неколку пати досега преку проширена влада! Алијанса за Албанците како партија со јасни про-европска позиции и без да биде дел од власта поддржа неколку важни одлуки во Собранието, изјави Џелили за „Локално“.
Политичкиот аналитичар Урим Салиу оценува дека евентуалното приклучување на опозициската Алијанса за Албанците и нејзините осум пратеници на владината коалиција, од една страна го прави парламентарното мнозинство постабилно, а друга страна Алијанса за Албанците ги зајакнува своите партиски позиции.
– Ковачевски прави постабилна влада со уште 8 пратеници од опозицијата, а Алијанса за Албанците во деликатен момент ги зајакнува партиските позиции, гледајќи дека е тешко да се делува во опозиција. На Алијанса за Албанците и треба консолидација и тоа може да се постигне само со тоа што ќе се биде дел од владата, бидејќи нивниот резултат на последните локални избори во Тетово беше депресивен што доведе до оставка на лидерот на партијата. Секако дека во овој поглед има молк, но има знаци дека тоа може да се случи од единствена причина што мора да има уставни измени. Алијанса за Албанците не треба да го отфрли овој момент бидејќи за да се зајакнете како партија се докажа дека ова не можете да го правите како опозиција, изјави Салиу за „Локално“.
Премиерот на Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека владината коалиција може да се прошири поради потребата да се одобрат некои закони поврзани со европската агенда. Тој рече дека потребата од постабилна Влада се должи на „деструктивните дејствија на опозицијата“, која според него „го попречува патот на европската интеграција на Северна Македонија“.
– Имаме некои одлуки што треба да ги донесеме и тие мора да бидат одобрени со широк консензус во државата, како што се донесени сите други одлуки претходно… Сите оние кои сакаат да бидат дел од просперитетна држава се добредојдени да станат дел од Владата и со визија, каде младите ќе знаат дека за 10 или 8 години од сега ќе бидеме земја членка на ЕУ, изјави Ковачевски.
Потребата за проширување на Владата произлегува и од тоа што мора да се одобрат уставните измени предвидени со договорот со Бугарија. Отворената понуда на Ковачевски прво е упатено до Алијансата за Албанците, која е во опозиција и има 8 пратеници. Од оваа партија изјавија дека во моментов не планираат да станат дел од Владата, иако велат дека добиле сигнали за такво нешто.
Министерот за надворешни работи, своевремено и портпарол на ДУИ, Бујар Османи предходно изјави дека не можам да прејудицира дали опозициската Алијанса за Албанците ќе прифати или не да биде дел од Владата, но дека според него, сега е време власта и опозицијата да постигнат договор и да ги поделат одговорноста и заслугите за ЕУ.
– Не можам да предвидам какви ќе бидат конкретните соработки во наредниот период, но времето бара поблиска координација меѓу политичките партии. Енергетската, економската криза, процесот на скрининг, реформите за Европската унија бараат поблиска соработка, тоа значи каква било формална соработка, не можам да прејудицирам во овој момент додека разговараме, во овој момент го објаснувам контекстот дека сега е време за поблиска соработка, изјави Османи.
Парламентарното мнозинство веќе извесно време се соочува со недостиг на стабилност. Од 120 пратеници во Собранието, само 63 ја поддржуваат работата на Владата – поради што многу закони не може да се изгласаат.
Д.Ј.