240
Вчера изутрина во Кисела Вода, во автобус на ЈСП била нападната жена контролор, велат од МВР.
Според полицијата, во автобус на ЈСП со број 67, по претходна расправија околу проверка на возен билет, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.С.(38), вработена како контролор во ЈСП и патник Н.З.(48), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.