Намирници кои се вкусни, но многу штетни за вашиот организам

од Stefanija Kuzmanovska
622 прегледи

Одредени намирници се неверојатно вкусни и не можете да замислите ден без нив, но дали знаете како тие влијаат на вашето здравје?

Кога се обидувате да изгубите тежина, важно е да го намалите бројот на калории што ги внесувате, но квалитетот на храната што ја консумирате е уште поважен.

Така, на пример, маргаринот може да има помалку калории од путерот – но тоа не значи дека треба да го јадете. Всушност, има многу намирници кои не припаѓаат во вашата кујна, туку во ѓубре, а еве пет најштетни:

1. Газирани пијалоци

Само затоа што на лименката пишува нула калории, не значи дека е добро за вашата тежина или здравје. Соковите со вештачки шеќери, иако се рекламираат како здрава замена за слатки пијалоци, всушност можат да направат хаос на телото. Затоа најдобро би било целосно да ги исфрлите од употреба, а наместо тоа да пиете свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.

2. Конзервирана храна

Кога веќе фрлате лименки со газиран пијалок, убијте две муви со еден удар и ослободете се и од конзервирана храна! Без разлика дали се работи за конзервиран грав, претходно подготвени оброци или паштети, овие намирници секогаш содржат засилувачи на вкус и разни конзерванси – и прекумерна количина на сол да не зборуваме.

3. Пржена храна

Никој не може да каже дека помфритот не е вкусен, и во ред е понекогаш да се опуштите малку и да јадете порција од омилената пржена храна. Но, тоа не значи дека треба да имате кеси со чипс и друга пржена храна во вашата куќа. Научно е докажано дека заситените масни киселини можат да го зголемат ризикот од развој на дијабетес, дебелина и срцеви заболувања.

4. Маргарин

Нека не ве лаже фактот дека маргаринот е од растителна основа – тоа е хидрогенизирана растителна маст, попозната како „смрт за целото тело“. Единствената причина зошто луѓето наместо путер се свртуваат кон маргаринот е неговата цена, бидејќи е многукратно поевтин, но би било многу подобро едноставно да јадете помалку, но поквалитетно.

5. Виршли

Освен што се докажани канцерогени, виршлите и другите месни производи содржат и високо ниво на сол која го задржува вишокот вода во организмот. Ако навистина сакате да се храните здраво, заборавете на виршлите, паштетата и саламата – а ако навистина сакате понекогаш да јадете сендвич, изберете висококвалитетна пршута.

Слични содржини