Повреден пожарникар при гаснење оган во напуштена библиотека

од Nikola Popovski
173 прегледи

Во текот на вчерашниот ден, при настанат пожар во стара напуштена библиотека во Прилеп, пожарникар се здобил со повреди, велат од МВР.

„На 17.10.2022 во 16:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Рампо Левката“ настанал пожар во стара напуштена библиотека.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а притоа со повреди се здобил пожарникарот Д.Б.(45) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп“, додаваат од МВР.