СДСМ: Медарите од ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа колапс на ЈСП и хаос во Скопје

од Берта Китинска
116 прегледи

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс во Јавното сообраќајно претпријатие и за првпат го остави главниот град без јавен превоз.За само една година успеаја да го зголемат долгот на ЈСП за еден милион евра, а вработените да ги остават без плата, велат од СДСМ.

-Тендери, раце во мед, контрола врз финансиите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е причината за хаосот со кој се соочува Скопје.Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат отчетност и одговорност за хаосот што го предизвикаа во ЈСП и во Град Скопје.Наместо решенија и проекти, јавноста со месеци гледа дневна политика и препукување меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ за тоа чии раце биле фатени во медот.Скопјани не заслужуваат таква градска власт, велат од владејачката партија.