Трите најљубоморни хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska
521 прегледи

Без разлика дали се должи на несигурност, страв или недостаток на доверба, има луѓе кои стануваат љубоморни прилично лесно.

Љeубомората во основа е комплексно чувство што го доживувате кога ќе сретнете некој кој според одредени критериуми е подобар од вас. Повеќето луѓе стануваат љубоморни во одреден момент од нивниот живот. Но, астролозите велат дека луѓето родени во овие три знаци на Зодијакот се пољубоморни од другите.

Тие честопати не знаат како да го контролираат ова чувство, ниту да ги канализираат негативните емоции на начин што нема да им „привлече внимание“ на другите.

Овен

Луѓето родени во овој огнен знак се темпераментни и често каприциозни. Овните се склони кон љубомора кога ќе видат дека некој е подобар од нив во деловно работење, спорт или хоби. Тие имаат груба и тешка природа и не знаат како да го сокријат она што го чувствуваат – ниту љубомората ниту лутината.

Лав

Лавовите не се чувствуваат загрозени од туѓ успех и се прилично сигурни и задоволни од своите животи. Тие стануваат љубоморни само кога нивните најблиски, особено нивниот партнер, не обрнуваат внимание на нив. Ова може прилично да ги дестабилизира, па дури и да ги доведе до неверство.

Девица

Девиците сакаат да бидат најдобри во сè. Тие сакаат да бидат на врвот и исполнети се со амбиција и желба да ја постигнат секоја цел. Тие чувствуваат силна љубомора секогаш кога некој е подобар и поуспешен од нив.