156
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на менаџерот на продукција на играниот филм „Син портокал“ сме известени дека од утре, 23.10, до 25.10.2022 во периодот од 09.00 до 18.00 часот во објект на ул.„Фредерик Шопен“ во Скопје ќе се снимаат сцени за филмот во кој ќе биде употребено огнено оружје.
Улицата Фредерик Шопен се наоѓа во Кисела Вода, во близина на „Шампионче“ и црквата Св. Петка.