Пендаровски: Македонските граѓани ако чекаат со децении за ЕУ, ќе бараат други алтернативи

од Берта Китинска
249 прегледи

По долги години статус на кандидат конечно ова лето ги прекинавме болокадите и го започнавме ЕУ скринигот, кажа претседателот на државата Стево Пендаровски при постетата на Полска.

Тој потсети дека блокадата од Бугарија е поради причини кои вооптши немаат допирна точка со европските вредноции дека во деблокадата голема помош имавме од францускиот МАкрон како и од полскиот претседател Дуда.

Тој потсети дека блокадата од Бугарија е поради причини кои вооптши немаат допирна точка со европските вредноци.

-Ние со претходно исполнети, буквално се можни услови, да ве потсетам ние сме единствената држава која го смени своето име за да биде дел од НАТО и ЕУ, во НАТО тоа го постигнавме, за жал во ЕУ се до пред некој месец не можевме ниту да започнеме преговори, јасно е дека македонските граѓани нема да бидат задоволни и ќе бараат алтернативи, ако вие ги држите во чекалната на ЕУ со децении. Меѓутоа тоа е одличен пример и за регионот, за останатите држави, затоа што во нашиот регион постојат уште отворени прашања кои треба да се решаваат по примерот на тоа како ние во Македонија ги решаваме тие проблеми. Прво со Грција, па со Бугарија, вели Пендаровски.