За три дена 66 новозаразени од ковид

од Берта Китинска
162 прегледи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 21.10 до 23.10.2022):

Направени се 722 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 7, Битола – 3, Куманово, Гостивар и Струмица – по 2, Кавадарци, Велес и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 66 оздравени пациенти од Скопје.

Во текот на изминатите 3 дена не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Направени се 722 тестови преку: ИЈЗ-69, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-13, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–31, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Авицена-16, Биотек-30, Систина-14, лабораторија Лаор-10, Синлаб-4, Ремедика-4, Плодност-0, Генеа-4, Никоб Лаб-19, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-7, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 410.

Досега во земјата се направени вкупно 2.180.374 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.

Слични содржини