Руската новинарка Ксенија Собчак, ќерката на поранешниот шеф на Владимир Путин, побегнала во Литванија, објавија разузнавачките служби во Вилнус, откако полицијата во Москва извршила претрес во еден од нејзините станови.
Добро познатата медиумска личност во Русија, Собчак прво се прослави како водителка на реално шоу пред да започне кариера како новинар. Таа, исто така, се кандидира за претседател на Русија во 2018 година, потег што нејзините критичари рекоа дека е рекламен трик наменет да му помогне на Кремљ да создаде впечаток на конкурентни избори.
Таа е ќерка на поранешниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак, кого Путин претходно го опиша како негов ментор. Се шпекулира дека Путин е нејзин кум, а иако тоа не е потврдено, нејзината долгогодишна семејна врска со рускиот претседател е извор на недоверба меѓу делови на опозицијата.
Руските медиуми наведуваат дека Собчак побегнала од Русија во вторникот вечерта, преминувајќи ја границата меѓу Белорусија и Литванија, откако ги измамила руските власти купувајќи авионски билети од Москва до Дубаи преку Истанбул.
Sobchak's employees in #Moscow are beginning to get arrested & homes raided. Sobchak's home was raided yesterday and she has been criminally charged. She managed to escape Russia on foot in time with her Israeli passport. pic.twitter.com/rcY6vb94om
— Igor Sushko (@igorsushko) October 27, 2022
На снимките од CCTV кои кружат на интернет, може да се види Собчак како го покрива лицето и носи капа додека пешки ја минува литванската граница.
„Без никакво сомневање, таа е во Литванија. Го потврдувам фактот“, изјави шефот на тамошната контраразузнавачка служба, Дариус Јаунишкис, за локалната радио станица во четвртокот наутро.
Тој рече дека Собчак ја преминала границата со нејзиниот израелски пасош. Минатиот месец Литванија, Летонија и Естонија воведоа забрана за влез на руски државјани кои поседуваат туристички визи.
„Како израелска државјанка, со валиден пасош, не ѝ е потребна виза и може да влезе во Литванија и да остане тука до 90 дена“, рече Јаунишкис.