Седница на ДУИ: Османи портпарол, Груби повторно шеф на кабинет на Ахмети

од Nikola Popovski

Артан Груби е избран за шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Бујар Османи за портпарол на партијата, а за заменик портпарол на партијата Арбр Адеми е епилогот од првата седница на новото централно претседателство на ДУИ. Исто така избрани се 16 секретари за ист број на партиски секретаријати. Меѓу избраните секретари се Теута Арифи во секретаријатот за образование и наука и Невзат Бејта за локална самоуправа.

Според Османи, се одело по предложениот дневен ред односно се разговарало за актуелната политичка состојба во земјата со акцент на евроинтеграциите.

-Со тоа уставните измени и самите преговори остануваат главен приритет на партијата во наредниот период, а очекуваме и главен општествен приоритет, изјави Османи.

Третата точка предвидува отчет за работата на министрите, заменици министри и државните секретари, што според Османи, може да трае со часови.

Слични содржини