Заради неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои една година ништо не сработеа, главниот град е во целосен хаос. Продолжува колапсот на јавниот превоз, многу населби се со редуциран возен ред на автобуските линии поради милионски долгови кон приватните автобуски превозници, велат од
-Заради политички и бизнис интереси на одредена група луѓе, главниот град се соочува со опасност од редовно снабдување со вода и одржување на водоводната мрежа.Како никогаш досега Скопје се дави во ѓурбре и нечистотија, не само што нема нови проекти, туку не се одржува ниту постојната инфраструктура. Бројни важни проекти започнати од СДСМ и претходниот градоначалник Шилегов, се прекинати заради инает и хирови на актуелната градоначалничка Данела Арсовска. Една година локална и градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на општините и Градот Скопје, велат од владејачката партија.
Оттаму велат дека се што видоа граѓаните од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за оваа година е партизација, расипничко трошење на народните пари и секојдневни кавги за рацете во медот.