За многу луѓе омилен утрински ритуал, штом ќе се разбудат, е пиење шолја топло кафе.
Сепак, британски „The Sun“ го пренесува предупредувањето на нутриционистка која вели дека оваа навика може да го наруши балансот на хормоните во нашето тело.
Нутриционистката Оливија Хедлунд рече дека пиењето кафе на празен стомак може да го стави телото во состојба на висок стрес.
– Не си играјте со вашите хормони. Кафето не е само киселина која може да биде тешка за нашиот организам наутро. Тоа може да предизвика нашето тело да реагира на стрес – да произведува кортизол и да не стави во состојба на „борба или бегање“ (акутен одговор на стрес).
Ова е причината зошто некои луѓе се чувствуваат нервозни кога пијат кафе наутро на празен стомак. – објасни таа и додаде:
– Иако некои луѓе се чувствуваат како да можат да го освојат светот по шолја кафе, оваа навика не е добра за вашето тело, особено ако сте жена.
Оливија додава дека и самата испила неколку шолји кафе на празен стомак и дека во тој момент имала многу хормонални акни.
– Причината беше затоа што телото ми беше под стрес – вели таа.
Најважно е да јадете, макар и мал оброк, пред утринското кафе. Како што тврди таа, разликата веднаш ќе ја забележите ако се борите со хормонален дисбаланс или ако имате проблем со цревата.
Претходна студија покажа дека кафето различно влијае на мажите и на жените.
Норвешка студија покажа дека одредени видови кафе може да бидат полоши за нашето срце, а ризикот е различен за мажите и жените.
Студијата покажа дека пиењето кафе на база на еспресо доведува до зголемување на холестеролот кај мажите, а кај жените зголемувањето на холестеролот е дури двојно поголемо.