Трамп повика на протести поради проблеми со гласањето: „Се случува истото како во 2020“

од Nikola Popovski
187 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повика своите приврзаници да протестираат против извештаите за проблеми со гласањето во неколку американски сојузни држави на конгресните избори.

Во серија објави на својата платформа „Truth Social“, Трамп ги посочи проблемите на избирачките места во Аризона, Мичиген и Пенсилванија, оценувајќи ја ситуацијата како „катастрофална и срамота“, пишува лондонски „Тајмс“.

Трамп ги повика своите приврзаници на протести, тврдејќи дека проблемите на изборите се оркестрирани и дека тие се насочени кон републиканските гласачи.

„Истото се случува и со гласачката измама како во 2020 година. Ситуацијата со отсутно гласање во Детроит е навистина лоша. Луѓето се појавуваат да гласаат само за да им кажат извини, веќе гласаше. Ова масовно се случува и на други места. Протест, протест, протест“, рече Трамп.

Во својата објава, Трамп всушност спомнува инциденти кога на некои гласачи од Детроит кои лично отишле да гласаат им било кажано дека веќе гласале отсутни, но она што тој го остава надвор од својата објава е дека никому не му било кажано дека не може да гласа и дека гласачките ливчиња од тие гласачи сè уште биле третирани како валидни, наведува „Тајмс“.

Во интервју за каналот Фокс 2, адвокатот и правен аналитичар од Детроит, Чарли Ленгтон, рече дека Одделението за избори е свесен за проблемот и дека со користење на избирачки списоци, наместо електронски избирачки списоци, секој ќе може да гласа, пренесе лондонски „Индипендент“.

Тужбата поднесена од републиканскиот државен секретар на Мичиген, Кристина Карамо, со која се обидуваше да ги принуди отсутните гласачи да гласаат лично или да добијат отсутно гласачко ливче со посета на канцеларијата на градскиот службеник во Детроит, денеска беше отфрлена.

Трамп, исто така, рече дека дефектот на гласачката машина во округот Марикопа предизвикува „голема штета“ на републиканските кандидати за гувернери Кари Лејк и сенаторскиот кандидат Блејк Мастерс.

Иако приближно 20 отсто од машините за броење во округот Марикопа не функционираа, претседателот на Одборот на супервизори на округот Марикопа објави видео во кое ја објаснува ситуацијата и ги уверува гласачите дека сите гласови ќе бидат пребројани.

Тој рече дека гласачите на округот Марикопа можат да гласаат каде било во округот и дека на оние што гласале на места со неисправни машини ќе им се пребројат гласовите, но прво ќе треба да бидат однесени на гласачко место со работни машини за гласање.