Наставник физички нападнал ученик во тетовско

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го лишиле од слобода Б.Ш. (44) од тетовското село Нераште, по пријава дека физички нападнал ученик.

Како што информира МВР, С.Д.Ќ. (39) од село Пршовце, тетовско пријавил дека неговиот малолетен син на 11 ноември околу 10:30 часот додека бил на училиште бил физички нападнат од пријавениот, кој бил негов наставник.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини