Денес втора заедничка владина седница на Македонија и Албанија

од Nikola Popovski
108 прегледи

Денеска во Скопје заедничка седница ќе одржат владите на Северна Македонија и Албанија на која официјални обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама.

Односите меѓу Северна Македонија и Албанија се на исклучително високо ниво, исто како што се на исклучително високо ниво и со другите соседни држави, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски.

На меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на договори и меморандуми од страна на министрите на двете влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји.

После седницата предвидена е и прес-конференција на двајцата премиери.

Пред речиси седум дена Владата седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја разгледа и усвои и Информацијата за одржување на втората заедничка седница на Владата на Македонија и Владата на Република Албанија.

Првата заедничка седница на албанската и на Владата на Северна Македонија се одржа безмалку пред пет години, на 15 декември 2017 година во Поградец, Албанија. На седницата присуствуваа експремиерот Зоран Заев и актуелниот премиер на Албанија Еди Рама.

Слични содржини