СДСМ: Левица му дише во врат на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кој го зедоа во заложништво

од Nikola Popovski
112 прегледи

Левица му дише во врат на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кој го зедоа во заложништво. Точно е дека рејтингот на Левица расте и токму тоа е загрижувачко. Но Левица со рејтингот не му дише во врат на СДСМ туку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои го зедоа во заложништво, соопштија денеска од владеачката СДСМ.

Според нив, „ова е голема опасност за државата и за нашиот европски пат“.

-Нема да дозволиме тој пат кон европската иднина да биде напуштен од неодговорни пиромани како Апасиев и Мицкоски, објавија од партијата од „Бихаќка“.

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска исто така истакна дека „Левица е голема опасност на продолжување на европскиот пат на Македонија“.

-Таа партија е Левица и нивниот претседател Апасиев. Таа партија го зема во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тој е слаб, без став и без визија. Таков човек лесно може да биде земен во заложништво и тоа се случува во моментов на македонската опозиција. На таков политички пироман не смее да му се дозволи да го прекине европскиот пат на државата. Уставните измени се за продолжување на европскиот пат, рече меѓу другото Ковачевски на прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама.

Слични содржини